Услови за користење

Обврска за регистрација на корисникот на Online услугите 1. Во врска со користењето на Услугите корисникот изјавува дека има право да стапува во обврзувачки договор и дека не е лице на кое му е забрането да ги прима услугите согласно законите на РМ или друго применливо законодавство. 2. Корисникот е согласен да: a. обезбеди вистинити, точни, ажурирани и целосни информации за себе како што се наведени во Формуларот за регистрација на услугата (во понатамошниот текст “Податоци за регистрирање”), и b. да ги одржува и навремено да ги ажурира Податоците за регистрирање за истите да бидат вистинити, точни, ажурирани и целосни. 3. Доколку корисникот обезбеди било какви информации кои се невистинити, неточни, неажурирани или нецелосни, или Универзитетот има разумна основа да се сомнева дека таквите информации се невистинити, неточни, неажурирани или нецелосни, Универзитетот има право да го блокира или укине неговиот account и да одбие било какво и целосно сегашно или идно користење на (или било кој дел од истите). Само правилно и целосно пополнет формулар ќе биде проследен. 4. Податоците за регистрација и одредени други информации за корисникот се предмет на Политиката за приватност на Универзитетот. Корисникот разбира дека преку користењето на Услугите е согласен со прибирањето и користењето (како што е дефинирано во Политика за приватност на овие информации, вклучувајќи го и трансферот на овие информации во РМ и/или други земји за чување, обработка и користење од страна на Универзитетот). 5. Корисничко име, лозинка и безбедност 1. Корисникот, при процедурата за регистрирање на сервисот и Online услугите на Универзитетот ќе добие корисничко име и лозинка кои служат за авторизиран пристап на сервисот на Универзитетот со што е должен да ги чува од неовластена употреба од страна на трети лица. 2. Корисникот е одговорен за одржување на доверливоста на корисничкото име и лозинката и е целосно одговорен за сите активности кои произлегуваат од неговото корисничко име и лозинка 3. Корисникот е согласен a. веднаш да го извести Универзитетот за било какво сомневање за неовластено користење на неговата лозинка или account или било какво прекршување на безбедноста од трети лица, и b. да осигури дека се одјавил од својот account на крајот од секоја сесија (користење на account-от).

Назад
Развиено од Неоком, правата припаѓаат на УКИМ, сите права се заштитени.